Електронските играчки можат да ги забават зборувањето кај децата

1760

Читањето приказни на деца , наместо да ги оставате со електронските уреди и мобилни.

Електронските играчки, кои зборуваат, одат, свират и издаваат различни звуци, би можело да го забави развојот на јазичните навики кај децата. Тоа го покажа истражувањето на Универзитетот на Северна Аризона, САД, соопшти THE NWI Times.

Весникот забележува дека всушност многу од овие играчки се продаваат и нудат како обучувачи. Истражувачите направиле експеримент со учество на 26 парови родители и деца на возраст 10-16 месеци.

На секој семејство добило три групи играчки. Во првиот влегувале лаптоп за деца, зборување фарма и детски мобилен телефон. Втората – дрвени загатки, коцки со слики. Третата – книшки со животни, фигури и цвеќиња.

Најмалку помагала за развојот на јазичните навики имало токму во првата група играчки. Таа го намалува квалитетот и квантитетот на јазични елементи во арсеналот на децата во споредба со традиционалните играчки.

Кај електронските игри, има звуци, родителите најмалку разговарале со децата. Додека книгите, напротив,им дозволиле на родителите и децата активно да комуницираат.

Истото се добиваат и при игрите со традиционалните играчки. Значи- на работа!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.