Кое е решението?
Според американските воени експерти, за решавање на овој многу сложен проблем постојат две опции:
Прво, неопходно е на голема висина да се распоредат радарско- набљудувачки станици. Такво нешто веќе имаме во пракса. Имено, два аеростата со радарска апаратура JLENS се наоѓаат на постојано дежурство чувајќи го источниот брег на САД од потенцијален ракетен напад врз Вашингтон.
Второ, потребно е сите за противракетна одбрана да бидат поврзани со помош на нови форми на контрола, имено со системи кои почиваат на вештачка интелигенција. Нивната ефикасност во брзото носење исправни решенија е далеку поголема отколку кога со овие системи управува човечки фактор. Меѓутоа, ова има и свои ризици доколку пресретнувањето се врши во област каде има интензивен цивилен воздушен сообраќај.
Треба да се напомене дека радарскиот комплекс JLENS е наменет исклучиво за откривање на нисколетечки крстосувачки ракети. Од хиперсоничните ракети кои летаат и до 10 пати побрзо од звукот, САД во моментов немаат соодветна заштита.


















