Во САД семејно куче заразено со коронавирус – што велат експертите

316

Куче од Северна Каролина е заразено со коронавирус, откако било тестирано со целото семејство Меклин како дел од студијата на универзитетот Дјук.

Авторот на студијата Крис Вудс вели дека научниците исто така земале примероци од домашни миленици за да видат како се шири вирусот во домаќинствата. Иако тестирале многу животни, Винстон, како што е името на овој мопс, е единствен заразен со вирусот и се верува дека е првото куче во земјата што е заразено со Ковид-19.

„Количината на вирус што откривме кај него е многу мала, што укажува дека тој веројатно нема да може да го пренесе вирусот на други животни или луѓе“, рече Вудс.

Инаку, од четворицата членови на семејството Меклин, тројца биле заразени со вирусот, а кучето имало некои симптоми.

„Забележавме дека тој кашла ден-два пред сите да се разболиме и тој не јадеше тоа утро“, рече еден од членовите на семејството, Бен Меклин.

Патем, минатата недела биле тестирани и две мачки позитивни за коронавирус, а осум лавови и тигри биле заразени во зоолошката градина во Бронкс, Њујорк.

Две кучиња во Хонг Конг исто така биле дијагностицирани со коронавирус, но научниците велат дека досега нема докази дека миленичињата можат да го пренесат вирусот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.