Девојето побарало да му го допре лицето, а потоа целосно го ШОКИРАЛА И ГО ЗБУНИЛА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ!
Владимир Путин, по годишното обраќање на новинарите, даде кратко интервју и на девојче со оштетен вид Регина Париева (17) и на тој начин го исполни нејзниот дамнешен сон.
Рускиот претседател одговорил на неколку прашања, вклучително и како станал претседател, дали тоа е тешка работа и што ќе посака во Новата година. Запрашан дали е уморен, Путин ѝ одговорил на Регина дека разговорот со новинарите како неа му дава дополнителна сила за идната работа.
Путин, меѓу другото, искрено одговарал на прашања за неговото детство и желбите за Нова година. По завршеното интервју, откако размениле подароци, тинејџеркта посакала за првпат во животот да го “види” претседателот, и побарала од Путин да му го допре лицето.
Путин се согласил, и Регина преминала со раката преку неговото лице и рече: “Вие сте многу убав и многу добар”.
“Ви благодарам многу, многу ми е драго да го слушам тоа”, одговорил Путин.
Регина го прашала претседателот каков подарок сака за Нова година. Путин признал дека тоа прашање не е воопшто лесно и додаде дека најубавиот подарок за него би било кога изминатата година би била позитивна и дека сите потешкотии во земјата би биле надминати. На прашањето што ќе посака на полноќ, Путин рече: “Едноставно, сите желби да бидат исполнети”, одговорил Путин.
Волонтерите неодамна му го претставија на Путин проектот “Mage with me”, во кој се исполнуваат желбите на тешко болните деца. Рускиот претседател потоа зеде пет коверти со желби кои ги оставиле децата и ветил дека ќе ги исполни. Регина има ретка болест од која во Русија боледуваат десетина деца и за која не постојат стандардни методи на лекување.
Н О В О !!!
Бидете и вие дел од фамилијата на my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување