Како крвната група го одредува женскиот темперамент

2585

2. (А) крвна група

Оваа крвна група ги карактеризира жените кои се трпеливи и смирени. Многу често за нив се мисли дека се несебични, друштвени и многу дисциплинирани. Пред се, овие жени ја ценат уредноста и удобноста. Секогаш се стремат кон бесконфликтно решавање на проблемите.

Но, при сето тоа, носителите на оваа крвна група се многу тврдоглави, а понекогаш и раздразливи. Тие често се сметаат себеси за потчинети. Во љубовните односи многу се срамежливи.

Го почитуваат партнерот и неговите квалитети. Сепак, поради емоционалната и чувствителната природа, ги откриваат своите чувства само кога се сосема сигурни дека нема да бидат изиграни и повредени. Како сопруги – се идеални. Жена од крвна група А е мајка која ги контролира и поддржува своите деца, но исто така бара многу од нив.

3. (Б) крвна група

Овие жени се разликуваат според флексибилноста на нивниот карактер: совршено ја издржуваат осаменоста, но во голем колектив се чувствуваат како риби во вода. За разлика од првите две крвни групи, тие не сакаат да бидат водачи, ниту да бидат потчинети. Но, умеат многу добро да извлечат корист од различни ситуации, при тоа чувајќи ја својата независност.

Таквите жени добро се снаоѓаат во општеството. Тие сакаат да флертуваат. Не треба да се изненадите од фактот дека имаат многу пријатели од спротивниот пол.

Во љубовта очекуваат нежност и задоволство, среќа и лојалност, како и постојано внимание од своите избраници. Во партнерските односи бараат многу и делуваат недопирливо, па затоа тешко се одлучуваат за брак. Инаку, кога ќе се мажат и станат мајки, многу се верни и посветени на фамилијата

4. (AB) крвна група

Претставничките на оваа крвна група – многу се чувствителни и избалансирани. Многу се тактични, пристојни и искрени. Притоа, овие дами теко донесуваат било какви одлуки: буквално се скршени од сомневања и внатрешни конфликти. Таквите жени често се сакани. Во љубовните односи многу се искрени.

Ги обожуваат мажите со авантуристички дух, меѓутоа, уживаат во љубовта додека не им дозволат да останат мистични. Како мајки многу се попустливи према децата, благи се, и не бараат многу. Успешно го наоѓаат степенот до кој можат да бидат пријатели со своите деца.