Јога и прошетки
Со цел да се активира метаболизмот и да се зајакне недоволно активниот имунолошки систем, неопходно е да се занимаваат со физичка активност. Треба да се има на ум дека, како резултат на зголеменото ниво на базалниот кортизол, тешките тренинзи се физичко и психички дополнително оптоварување, па нивниот избор треба да биде јога, лесен фитнес, пливање, возење велосипед, пешачење во природа.
Организмот реагира на одредени видови на храна со зголемена секреција на слуз во ноздрите, солзење, кашлица или едем на слузокожата. Во случај на овие симптоми, потребно е од исхраната да се исфрлат пченицата, кравјото млеко, шеќерот, колачите, слатките, доматите, пилешкото и пченката, а лицата со негативен резус фактор и соја, додека доматите не треба да се избегнуваат, со зголемен внес на овошје и зеленчук.
Од додатоците во исхраната им се советува зелен чај, артичока (стимулираат жолчна киселина и метаболизирање на холестеролот), куркума, корен од глуварче (ја подобрува функцијата на црниот дроб и жолчката), а како дигестив мала количина на пелинковец. Се препорачува да се конзумира туна, која е богата со фосфиди, а од зачините коријандер, кој ја зголемува синтезата на жолчната киселина во црниот дроб и го зголемува HDL, а го намалува LDL. Чајот од коприва е неопходен додаток за детоксикација на крвта и црниот дроб, а во сезона се препорачуваат и цреши, кои го елиминираат од црниот дроб опасниот ензим ODC.
Исхрана за поздраво срце
Оваа крвна група е биолошки предиспонирана за срцеви заболувања, што укажува на важноста на индивидуалната исхрана. Превентивно ќе делуваат храната и додатоците кои делуваат на разредување на крвта и ќе придонесат за јачината на срцевиот мускул и залистоците.
Глогот во натуропатската медицина се користи за лекување и спречување на ангина пекторис, хипертензија и аритмии и ги чисти артериите.
Коензимот Q10 делува позитивно на оптималното функционирање на клетките во состојба на зголемено оптоварување, ги спречува срцевите заболувања и ја спречува оксидацијата на LDL.
Витамините А, Ц, Е, кои се антиоксиданти, најдобро се консумираат во форма на сирово овошје и зеленчук.
Гинко билоба дејствува на разредување на крвта, а ја подобрува циркулацијата на крвта во мозокот, со што превентивно се делува на Алцхајмеровата болест, меморијата и когнитивните функции во целина.
Ресвератрол, антиоксиданс кој ги чисти крвните садови и ја разредува крвта, присутен е во семето на црното грозје, а достапен е и како додаток во исхраната.
Крвна група Б – млеко ДA, глутен НЕ
Крвна група AB на риба и зеленчук
Крвна група 0 – некогаш ловци, денес месојади
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Што да се јаде, а што да се избегнува ⇓
Продолжува на страна 3



















