МАШКО Е МАШКО ! Еве во кој случај жените се согласуваат на секс за една вечер

346

Науката даде одговор на прашање кое мачи многу мажи.

Еве кои типови на жени се согласуваат да имаат секс за една ноќ

Некогаш мажите биле единствените кои „трчале“ по жените за една вечер, но времињата се сменија. Всушност, денес речиси и да нема разлика во тоа како жените и мажите гледаат на љубовните врски.

Жените знаат што сакаат

Жените сé поотворено зборуваат за своите потреби и не се двоумат да побараат од партнерот да ги задоволи. Во повеќето случаи, тие повеќе не се срамат да кажат гласно кога сакаат да имаат секс за една ноќ, нишо помалку од мажите.

Сепак, многу мажи се прашуваат што е потребно за да ја натера жената да посака ваква врска.

Што ги привлекува жените за секс на една ноќ?

Експерти од областа на сексуалните односи – откриле кој е пресудниот фактор да ги заинтересира жените за секс на една ноќ.

Истражувачите од University of Texas откриле дека интересот на жените за краткорочни сексуални односи зависи од тоа дали тие претпочитаат партнери со изразени машки карактеристики.

Резултатите од студијата се објавени во списанието „Archives of Sexual Behaviour“.

Истражувачите ангажирале 72 жени кои пополниле анкета за нивниот сексуален живот.

Исто така, од нив било побарано да погледнат различни машки лица на компјутерски екран, всушност два типа кои би можеле да се поделат на оние со машки и женски црти на лицето.

Секоја фотографија била емитувана по три секунди, при што научниците ги следеле движењата на очите на испитаниците. По прегледувањето на фотографиите, од учесниците било побарано да ја оценат привлечноста на машките лица.

Жените кои биле повеќе заинтересирани за краткорочни врски и оние кои се сметале за попосакувани – подолго гледале во лицата на припадниците на посилниот пол со помажествени црти на лицето.

Резултатите од оваа нова студија се конзистентни со претходните научни трудови, кои исто така користеле технологија на следење со очите.