Животната порака на Достоевски | Ако одлучиш вака, ќе го победиш секое зло околу себе!

214

Неговите упади во најтемните делови на човечкото срце, заедно со ненадминливите моменти на просветлување, имаат огромно влијание врз литературата од 20 век.

Фјодор Михајлович Достоевски бил еден од највлијателните писатели на руската литература и еден од најголемите писатели на сите времиња.

Достоевски ја слика социјалната неправдина и човекот како нејзина жртва. Неговите луѓе се понижени и навредени, но тие и понатаму остануваат луѓе, интегрални личности, свесни за своето човечко достоинство.

Пред понекоја мисла останувате во сомнеж, особено гледајќи го човечкиот грев, па се прашувате: Дали треба да победиме со сила, или со мирна љубов?

Секогаш одлучувајте вака:

„Ќе победам со мирна љубов,

„Ако одлучите да го сторите тоа еднаш и засекогаш, ќе можете да го освоите целиот свет. Мирната љубов е голема сила, од сите најсилни, ѝ нема раемен на светот!!! Секој ден и час, секој момент, погледнете се самиот себе, за изглед да ви биде малку убав. Ете, поминавте покрај мало дете, поминавте лути, со грд збор, со лута душа; и можеби не сте го забележале детето, но тој ве виде вас и вашето лице, грдо и зло, можеби останало во неговото слабо и незаштитено срце. Вие не знаете, меѓутоа, можеби веќе сте му фрлиле лошо семе во неговата душа, а тоа семе можеби и ќе порасне, и сето тоа затоа што не сте се воздржале пред детето, затоа што во себе не сте одгледале внимателна и активна љубов.

Браќа, не плашете се од човечки гревови, сакајте го човекот дури и во неговиот грев, затоа што кога некој сака грешен човек, тоа е веќе слика на Божествена љубов и е кулминација на љубовта на земјата.

Го сакате целото Божјо создание и секоја трошка. Сакајте го секој лист, секој Божји зрак. Сакајте ги животни, растенијата, сакајте ја секоја работа. Ако ја сакате секоја работа – ќе ја разберете и тајната на Бога во нештата. И штом еднаш ја разберете, неуморно ќе почнете да препознавате сè повеќе и повеќе, секој ден. И, на крајот, ќе го засакате целиот свет со сета вселенска љубов.

Сакајте ги животните: Бог им дал смисол за живот и тивка радост. Не ги нарушувајте, ниту вознемирувајте, не мачете ги, не им ја одземајте радоста, не се спротивставувајте на Божјата мисла. Човече, не се возвишувај, немој да мислиш дека си подобар од животните: тие се безгрешни, а ти, со своето величество, ја оплодуваш земјата само со својата појава, оставајќи на неа гнојна трага – и тоа, за жал, скоро сите, сите меѓу нас! Особено сакајте ги децата, бидејќи тие се безгрешни како ангели и живеат за да нè направат среќни и усреќат; тие живеат за прочистување на нашите срца, како некој патоказ за нас. Тешко на тој што ќе навреди дете“, заклучил писателот.