Руска непрофитна организација изгради реплика на затворскиот камп од Втората светска војна преку претседателска помош за патриотско образование на деца, јавуваат локалните медиуми од северот на Русија.
Кога овој камп ќе се отвори во декември, во Република Карелија на финската граница, учениците ќе можат да шетаат во караулите, касарните и областа опкружена со бодликава жица што финската армија ја поставила за советските цивили кои бегале од фронтовите, пренесува „The Moscow Times“.
Се надеваме дека ќе видиме поранешни млади затвореници тука – рече Наталија Абрамова, која е шеф на невладината организација за деца со попреченост што го поставиле кампот.
Тие ќе можат да ги споделат своите спомени со децата – рече таа за тамошните медиуми.
Кампот се наоѓа во село 700 километри северно од Москва.
Абрамова додава дека младите посетители ќе учествуваат во „воено-патриотски игри“ и „часови за храброст“ како дел од атракцијата „Патриотски викенд“.
Невладината организација доби претседателска донација во износ од 36.000 долари за отворање на кампот, што служел како сет за филм за деца кои биле во логорите.
Историчарите наведуваат дека околу 4.000 советски цивили, вклучително и деца, жени и стари лица, загинале во неколку логори што ги отворила Финска помеѓу 1941 и 1944 година.
Лажниот логор Карелија е последниот пример на модерните напори на Русија да ја пренесе советската и воената историја на следната генерација.
Претседателот Владимир Путин долго го промовирал патриотизмот како единствена национална идеја на Русија и го основал воено-патриотското движење на младите во 2015 година. Тој на почетокот на оваа година додал училишна програма за патриотизам и историја на војната.
Историчарите кои се спротивставуваат на проектот за Радио Словна Европа изјавиле дека властите водат „агресивна, милитаристичка политика на сеќавање“.
Војната не е детска претстава, туку многу сериозна работа – рече Михаил Голденберг, директор на Националниот музеј на Карелија.