HBC Nantes е вториот француски тим кој вчера се пласира
за EHF FINAL4, ден откако Paris Saint-Germain HB обезбеди учество во Köln на 12./13. јуни.
Nantes го загуби реванш мечот од Telekoma Veszpréma HC со 32:30, но севкупен победник е по победата на домашен терен од минатата недала – 32:28.
Nantes по втор пат во историјата на клубот ќе игра на EHF FINALU4 – откако во 2018. година во финалето загуби од Montpelliera HB.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Telekom Veszprem HC (HUN) vs HBC Nantes (FRA) 32:30 (18:15)
Резултат на првата утакмица 28:32. Вкупно 62:60 за Nantes
- По 11та минута Veszprém губеше со гола разлика (8:5), а вкупно 7 гола
- Со неколкуте акции на Петар Ненадиќ унгарската екипа се врати во мечот
- И покрај црвениот картон на одбрамбениот играч Блаж Благотиншек во 26 минута, Veszprém на полувремето замина со три гола разлика (18:15)
- Исто како во првото полувреме, Nantes второто полувреме го започна уште подобро, пред се благодарение на шесте гола на David Balaguer
- Veszprém остана во водство во последните 15 минути, но му требаше победа од пет гола разлика откако Nantes ја помина границата од 28 гола
WATCH: Just look at what it means to them! @HBCNantes make it to another #ehffinal4 ?? pic.twitter.com/g60NGpFtKW
— EHF Champions League (@ehfcl) May 20, 2021
Изјави по мечот
Alexandre Cavalcanti
Лев бек HBC Nantes
“Беше тоа голема игра. Од почеток знаевме што не чека. Тие беа добри, но ние подобри. На крај, нам ни беше многу поважен EHF FINAL4″.
David Davis
Главен тренер на Telekoma Veszpréma HC
“Денеска утакмицата за нас беше многу тешка, како што и очекуваме, но првата утакмица беше најлошата оваа сезона. Чњетири гола разлика е премногу. Се боревме, но противникот беше подобар. За клубот, се разбира, тоа е разочарување”.
Францускиот ракомет повторно на врвот на Европа?
За прв пат од 2018 година, Франција ќе има повеќе од еден тим во Köln за EHF FINAL4: Nantes и PSG.
Пред три години, тие исто така се квалификуваа, но тогаш имаше дури три француски тима – Montpellier кој ја освои титулата.
Може ли Nantes да го повтори тоа достигнување следниот месец?
Според она што го покажаа во Унгарија во четвртокот, Nantes сигурно има потенцијал да оди до крај.
Нивното искуство и талент може да биде добра мешавина во Köln.



















