Саканите никогаш не умираат (Кога ни заминува некој близок)

10915

Кога ни заминува некој близок, не боли смртта, туку боли сè она што доаѓа потоа. Боли празнината која никогаш нема да биде пополнета.

Боли неможноста уште нешто да направиме за него. Болат зборовите што не сме ги кажале, а можевме. Солзите болат. Сеќавањата. Боли молкот …

Боли тоа што занеме дека никогаш повеќе нема да бидеме заедно, дека нема да го видиме, и тоа што нема да ни се јави. Боли тоа што насекаде ќе ни фали и што секогаш ќе биде тој кој недостасува …

Кога ни заминува некој близок, не боли неговата смрт, туку и животот кој можел да трае, а згаснал. Болат победите подеднакво како и поразите, а успесите подеднакво како неуспесите, и сè одеднаш, за момент, се изедначува, станува бесмислено, празно.

Кога ни заминува некој близок, заминува и музиката што ја слушал, луѓето што ги познавал, соништата што ги сонувал, заминуваат неговите дилеми, неговите тајни, неговите стравови. И сè боли … Боли кога ќе го поставиме прашањето дали било сè залудно? Дали згрешивме? Или, дали можело да биде поинаку? А добро знаеме дека не можело …

Боли кога ќе се сетиме дека го нема. Боли секое сеќавање на него. Болат фотографиите. Болат местата каде што сме поминувале. Болат зборовите што сме ги кажале. Болат зборовите што не сме ги кажале, а моравме. Болат неговите пријатели. Боли неговата љубов. Боли сечија љубов кога размислуваме за него. Боли сè што потсетува на него, секој дел од овој свет боли…

Кога ни заминува некој близок, не боли само болката, сè друго боли. Боли што засекогаш исчезнува и што повеќе нема да го има. Боли моментот што никогаш повеќе нема да може да се радува, смее, фантазира, трча, плаче, сака. Боли сè она што можел да го направи, а не го направил. Боли сè она што допрва требал да го помине, а не го поминал. Пролетта боли, сонцето боли, морето боли, небото боли, дождот боли. Боли сè она што живее без него, боли целиот свет …

Кога ни заминува некој близок, одеднаш сè застанува, запира за момент и не потсетува на минатото, на годините што поминале и кои ќе поминат. Правиме исчекор од сегашноста и стануваме дел од бесконечнатa безвременска недопирлива патека која води само во една насока.

Кога ни заминува некој близок, заминуваме и ние заедно со него. Еден дел од нас, можеби најубавиот. Заминува и она што сме имале со таа личност и со ниту една друга. Заминува и еден дел од нашиот живот низ кој сме живееле и кој со неговото заминување завршил и се претворил во сеќавање.

И на крај, кога некој драг ќе нè напушти, не боли смртта, туку боли сè она што доаѓа потоа. А потоа, за жал, не доаѓа ништо. И токму тоа ништо најмногу боли …

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.