Грчкиот атлетичар Мариос Гианакау ја заврши трката во својот живот во понеделникот откако се искачи на врвот на планината Олимп носејќи ја на грб хендикепираната жена Елефтерио Тосиу.
Нема ништо пореално од сонот – напиша Гианакау на Instagram, откако во 9:02 часот по локално време се искачи на Митикас, на врвот на планината на Боговите.
Тосиу има 22 години и е студентка по биологија во Солун. Двајцата се сретнаа во септември, а девоката му ја откри на младиот човек својата желба да се искачи на највисокиот врв на Олимп, патека што спортистот веќе успешно ја завршил 50 пати.
Но, 51-от пат, рече тој, е најпосебен за него. Пред искачувањето, тој рече дека ќе се искачи на највисокиот врв во Грција на почетокот на октомври, носејќи ја Елефтерио на грб во специјално изработен ранец.
Искачувањето до врвот траеше повеќе од 10 часа. Осум членови на екипаж отидоа со нив, а кога ја достигнаа надморска височина од 2.400 метри, направија пауза и ја поминаа ноќта таму, пред да го продолжат патувањето до врвот на планината, што е 2.918 метри, во 6 часот наутро во понеделник.
Спортистот рече дека ѝ помогнал на својата пријателка да го оствари сонот што и се чинел невозможен.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис им честиташе на двајцата за успехот.