Страшна исповед на заразен новинар од COVID 

1069

Директорот на еден од најважните дневни весници во Италија „La Sampa“ и многу почитуван новинар Масимо Данини објави дека е заразен со COVID-19 и во едиторијалот што го напишал за неговиот весник, за кој известуваат и други медиуми, ги повикал сограѓаните да ги почитуваат мерките против ширењето на корона вирусот.

Новинарот-директор, како што пишува, го напишал уводникот не за да ја информира јавноста за неговото здравје, кое како што вели, не ја засега, туку од две причини што можат да бидат важни за пошироката јавност.

Прво, за да ги увери читателите дека неговата редакција ќе продолжи да работи, со зголемени контроли и мерки за заштита, така што, напиша тој, читателите да бидат сигурни дека сепак ќе ја најдат „La Sampa“ на киосците.

Друга причина е што во текот на 11-те часа поминати во одделот каде што се лекуваа заразените со корона вирус, виде и слушна многу пациенти како лежат на одделот.

Слушнав пациенти како плачат и врескаат од болка, разговарав со лекарите и медицинскиот персонал кои ми потврдија дека ходниците на болниците се полнат и дека се повеќе пациенти се на интензивна нега. Убеден сум дека посетата на такви болници може да биде добра лекција за цинизмот на оние кои го негираат ризикот од инфекција со корона вирус, напиша заразениот новинар Масимо Данини.

На крајот од едиторијалот, Данини апелира до сите Италијанци да се придржуваат кон заштитните мерки и да прифатат мали откажувања со цел да се избегне повторно воведување на карантин.