Хидроцефалус (водена глава) – причини, симптоми и лекување

12933

Хидроцефалус е собирање течности во шуплините (коморите) длабоко во мозокот. Вишокот течност ги проширува коморите и создава притисок во мозокот. Обично цереброспиналната течност (CSF) тече низ коморите и купата на мозокот и ‘рбетот.

Притисокот настанува со зголемување на нивото на цереброспиналната течност поврзана со хидроцефалусот може да го оштети мозочното ткиво и да предизвика големи оштетување на функцијата на мозокот. Иако хидроцефалусот може да се открие на било која возраст, обично се јавува кај доенчињата и постарите лица.

Со хируршки зафат, нивото на цереброспиналната течност може да се врати во нормала (цереброспинална течност може да се врати на нормалното ниво). Често се потребни различни интервенции (или разни зафати) за рехабилитација на симптомите или функционалните нарушувања кои настанале од хидроцефалусот.

Причините за хидроцефалус

Хидроцефалусот се јавува како резултат на неизедначеноста помеѓу произведената количина на цереброспиналната течност и количината на течноста која се апсорбира во крвотокот. Цереброспиналната течност ја производуваат ткива кои ги обложуваат коморите на мозокот. Таа тече низ коморите преку меѓусебно поврзаните канали и на крајот се влева во просторите околу мозокот и ‘рбетот каде што ја апсорбираат пред сѐ крвните садови во ткивото близу базата на мозокот.

Цереброспинална течност има многу важна улога во функцијата на мозокот:

  • Mу овозможува на тешкиот мозок да плови во внатрешноста на черепот
  • Ги амортизира удариte штитејќи го мозокот од повреди
  • Ги отстранува отпадните материи на метаболизмот на мозокот

Вишокот на цереброспиналната течност во коморите се должи на следниве причини:

Опструкција – Најчест проблем е делумно попречување на нормалниот проток на течностa, или од една до друга комора, или од комора до другите простори околу мозокот

Лошата апсорпција – Поредок проблем e со механизмот кој им овозможува на крвните садови апсорбција на целеброспиналната течност. Тоа често е поврзано со воспаленијата на мозочните ткива предизвикани од болести или повреди

Хиперпродукција – Се јавува кога механизмите за производство на цереброспиналната течност произведуваат повеќе од вообичаеното и побрзо отколку што може да се апсорбира.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2