Хидроцефалус (водена глава) – причини, симптоми и лекување

12934

Лекување на хидроцефалус

Постојат два начини на хируршки третман кои можат да се применат кај хидроцефалус:

Свртница

Најчестиот вид на лекување на хидроцефалус е хируршко вградување на систем на одводнување кој е наречен свртница. Се состои од долга, флексибилна цевка со вентил која се грижи течноста да тече од мозокот во вистинска насока и при соодветна брзина. Едниот крај на цевката обично е поставен во една од мозочните комори. Цевката потоа под кожата е насочена на другиот дел на телото, каде што вишокот на цереброспиналната течност се апсорбира полесно, како што се стомакот или срцевата комора. Луѓето кои имаат (се болни од) хидроцефалус обично имаат вградена свртница до крајот на животот со редовно следење.

Ендоскопска вентрикулостомија на третата мозочна комора

Ендоскопска вентрикулостомија е хируршки зафат кој може да се примени во третманот на хидроцефалус. Хирургот користи мала камера, која му овозможува директна слика внатре во мозокот и прави дупка на дното на една од коморите или помеѓу коморите, што овозможува протокот на цереброспиналната течност од мозокот.

Компликации од операцијата

И двата хируршки зафати можат да доведат до компликации. Системот свртница може да престане да дренира или слабо да ја регулира одвоената цереброспиналната течност поради механички дефект, блокада или инфекција. Компликациите кои може да ги предизвика вентрикулостомијата се крварењето и инфекциите. Секој пропуст бара брза реакција, хируршка ревизија или друга интервенција.

Знаци и симптоми на проблемите вклучуваат

  • треска
  • раздразливост
  • поспаност
  • гадење или повраќање
  • главоболка
  • проблеми со видот
  • црвенило, болка или чувствителност на кожата во областите каде што цевката минува
  • абдоминална болка ако цевката е во стомакот
  • повторување на секој од примарните симптоми на хидроцефалус

Некои луѓе кои страдаат од хидроцефалус, особено децата, можеби ќе имаат потреба од дополнително лекување, во зависност од тежината на долгорочните компликации на хидроцефалусот.

Објавено October 24, 2017

Прочитано 1724

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.