Еве зошто не треба да спиете со главата кон север

1129

Сигурно сте ги слушнале постарите луѓе како велат дека не треба да спиете со главата свртена кон север? Но, дали е тоа суеверие или во овие приказни има вистина?

Изгледа дека сепак има. Најновите истражувања од холистичарите и јога гуру Јаги Васудев покажуваат дека спиењето со главата вртена на север е нешто што треба да се избегнува, и тоа од неколку важни причини.

Иако на многумина им се чини дека срцето е некаде во средината на телото, тоа сепак тоа се наоѓа на 3/4 пати од стапалото кон главата. На срцето му е многу полесно да пумпа крв надолу отколку да се бори со гравитацијата пумпајќи нагоре. Крвните садови се со многу покомплексна и пофина структура во горните делови од телото како што е мозокот,и се со дебелина на човечка коса, така што секој вишок на крв би бил катастрофален за нив.

Што се случува кога ќе ја свртите главата на север?

Сите знаеме за магнетното поле околу земјата, како и за половите на магнетот. Кога нашето тело е во хоризонтална положба, пулсот се намалува. Ако вашата глава во таква позиција е насочена кон север подолго време, магнетните сили влијаат на мозокот и доведуваат до нервоза, висок крвен притисок, намалување на нервните функции и послаба циркулација и целокупното здравје во целина. Сигурно, спиењето во оваа положба нема да ве убие, но тоа значително ќе влијае на вашето здравје.

Во која положба треба да спиете?

Останува најголемото прашање: која позиција е најдобра за спиење? Исток и југоисток се добри, како и запад и на југ. Ако живеете на северната хемисфера, свртете ја вашата глава во која било насока, освен кон сверот. Ако сте на јужната хемисфера, избегнувајте да ја вртите главата кон југ.

Како да се стане од кревет?

Срцето е најважниот орган кој не треба да биде оптоварен во текот на спиењето. Старите холистичари верувале дека по будењето треба да се свртите десно кога станувате од кревет. Исто така, треба да се станува полека и без ненадејни движења. Овој начин на кревање е најздравото нешто за вашиот кардиосистем.

Како да го придвижите мозокот и телото?

Во алтернативната медицина, се смета дека по будењето, треба да ги споите дланките и да ги поставите пред вашите очи. На дланките има многу нервни завршетоци и затоа треба да ги споите на овој начин во колку се чувствувате уморно и поспано. Овие нерви се поврзани со очите и другите делови од телото, и на тој начин ќе ги стимулирате.