Здружени со заеднички интереси, во средината на триесеттите години од минатиот век, смислен е една од најголемите светски заговори
Американските лобисти на памукот, хемиската индустрија, фармацевтите, меѓународните банкари, нафтените корпорации, корумпираните политичари и медиумите започнале војна за истребување на конопот (канабисот). А од конопот може да се направи речиси се …
Првите пишани траги за производство на конопот датираат уште од пред 5000 години. Првенствено се одгледувал за производство на влакна, а во античка Кина од него се правела облека, хартија и конопци.
Речиси сите значајни историски документи и книги, од првата Библија, старите географски карти, знамиња биле на хартија или на платно од каноп.
На платна од коноп сликале и Рембрант, Винсент ван Гог и многу други познати сликари.
Ширум светот, особено во Америка, преработката и одгледувањето на индустрискиот коноп, некогаш била една од највложуваните работи. Конопот е наречен “растение од милијарда долари”, бидејќи во времето од една жетва можело да се заработи огромен приход.
Од 1631 до 1800 година, законското средство за плаќање на даноците во Америка било испорака на каноп, а го одгледувале и американските претседатели Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и другите нивни наследници. Бенџамин Френклин бил сопственик на една од првите фабрики за преработка на коноп во Америка.
Колку конопот бил важен, сведочат и тврдењата на некои публицисти дека војната во 1812 година била водена за конопот, бидејќи Наполеон сакал да го пресечи извозот од Русија во Велика Британија.
Сè до 20-тиот век, конопот бил најисплатлив на пазарот.
А тогаш сè се променило …
Продолжува на страна 2



















