
Се користи во фармацевската индустрија затоа што од цветот се добива CBD масло кое е богато со канабидиоли кои делуваат на имунолошкиот систем на луѓето и животните.
Од коноп се прави биоразградлива пластика и од него може да се направат повеќе од 20.000 производи.
И индустрискот коноп може да се користи во медицински цели, а најновите истражувања покажале дека тој многу повеќе е богат со канабидиоли или со CBD од марихуаната.
Додека за некои болести подобро делува маслото од канабис, на многу повеќе болести, а особено за болестите на автоимунолошкиот систем, многу подобро делува токму маслото од индустрискиот коноп.
Една држава во Америка, која дозволи одгеледување на индустринскиот коноп, остварила повеќе стотици милиони профити во буџетот.
Семето на индустрискиот коноп е извонредно богато со протеини и тоа високо квалитетни протеини кои во себе ги содржат сите есенцијални масни киселини.
Семето на индустрискиот коноп содржи протеински едестин кој многу лесно се вари и омега масни киселини 3 и 6 во идеален однос. И по тоа е единствен во светот.
(sputniknews.com)


















