
Поранешна Југославија била една од водечките производители на индустриски каноп во Европа, а во Војводина се одгледувал на повеќе од 40.000 хектари.
“Ширум Војводина имало на стотина места за преработка на коноп, а денес не постои ниту едно” – истакна во разговорот за Спутник Маја Тимотијевиќ претседателката на здружението на преработувачите и производителите на алтернативни видови коноп.
Таа истакнува дека од пред 15 години конопот почнува полека да се враќа на европскиот пазар, а во текот на изминатите години и во Америка, и дека во овој момент само четири држави во САД забрануваат индустриски коноп.
Едно растение создадено за сè …
Одгледувањето е многу исплатливо, но се ограничуваат производителите. Во Европа е дозволено да се одгледуваат дури 46 видови на коноп.
Инаку, секој дел од конопот може да се искористи, семињата, цветовите и стеблата.
“Велат дека Бог создал едно растение за сите и убедена сум дека тоа е конопот, бидејќи со него можете и да се нахраните и лечите, и да се облечете и да направите куќа … Околу 80 проценти од работите што ги гледаме околу нас можат да се направат од коноп.”
Одгледувањето на индустрискиот коноп не бара употреба на пестициди и хербициди, тоа е еколошко растение, растение на иднината. Не се прска, не го напаѓаат инсекти, така што намирниците и било кој предмет направени од него не содржат никакви штетни материи.
Конопот покрај сето тоа ја чисти почвата од загадување. Токму затоа во Чернобил засадени се големи површини со коноп кои биле изложени на радиоактивно зрачење. Исто така, во околината на рудниците, каде што се складира рудата, ја чисти земјата од тешки метали.
Од стеблата се добиваат влакна, од нив се прават ткаенини, хартија, блокови за изградба на куќи, облоги за изолација итн.
Од семките се добива масло, а од преработка на маслото мноштво козметички производи.
Маслото на индустрискиот коноп е ефектно за автоимуните заболувања
Продолжува на страна 4


















