СВЕТСКИ ЗАГОВОР | Бог создал “растение од милијарда долари”, а потоа моќниците смениле сè | Фото/Видео

4566

По секоја цена да се истреби конопот

Здружени со заеднички интереси, во средината на триесеттите години од минатиот век, смислена е една од најголемите светски заговори. Американските лобисти на памукот, хемиската индустрија, фармацевтите, меѓународните банкари, нафтените корпорации, корумпираните политичари и медиумите започнале војна за истребување на конопот.

Конопот на сите им засметал: на производителите на дрвната целулоза, пластиката, на нафташите за ефтиниот биодизел од коноп, на фармацевтите за продажбата на скапите лекови, и започнала медиумска офензива со намера производството на ова растение да се стави вон законот.

Тенденциозно е апострофиран само еден вид коноп со висок процент ТХЦ (THC), одбрано е името марихуана и во оркестрирана кампања, лобистите ја изедначиле марихуаната со индустрискиот коноп и го убедиле јавното мислење дека конопот е опасен и дека треба под итно да се забрани.

Уште од крајот на триесетите години за одгледување на коноп воведена е петгодишна затворска казна или парична од 2000 долари.

Со време, индустрискиот коноп целосно исчезнал од нивите, и покрај тоа што од ова растение кое се одгледува без никакви пестициди и ја чисти земјата од радиоактивност и тешки метали, можат да се создадат 20 000 производи.

Тивко враќање на светските пазари

Продолжува на страна 3