Семејните проблеми како разделби, разводи, насилство или алкохолизам чувствително го зголемуваат ризикот од астма кај децата.
Тоа го открија научниците од Американскиот колеџ за алергија, астма и имунологија кои испитале родители на 92 000 деца на возраст од неколку месеци до 17-годишна возраст.За истражувањето објави “Дејли мејл”.
Фактори на ризик се исто пресудите со затвор, психичките растројства и смртта на некој од членовите на семејството. Само еден од овие фактори го зголемува за 28% ризикот од астма. А пет или повеќе фактори го зголемуваат двојно ризикот.
Меѓу учесниците во истражувањето 31% од децата се соочиле барем со еден од факторите. Најчести биле разводите и кавгите на родителите.
Ако астматичните деца со пет или повеќе фактори биле цели 25%, децата болни од истата болест, но без негативните фактори биле доста помалку – 12 проценти.
Две третини од децата немале негативно искуство, 17% се соочиле со еден од факторите, 4% со три фактори, а речиси секое стото дете со 5 и повеќе фактори.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.