Историјат на бруталностa на американската полиција врз Афроамериканците | Видео

963

Смртта на Џорџ Флојд е само последната во серијата поврзани со полициската бруталност против Афроамериканците во САД.

Пред шест години во Фергусон бил убиен 18-годишен Афроамериканец, Мајкл Браун, кој бил невооружен.

Неговата смрт предизвика бурни реакции и протести. Демонстрантите фрлале камења кон полицијата, која испрати солзавец во спротивна насока. Немирите се раширија и надвор од Фергусон.

Идентитетот на полицискиот службеник не е откриен, но тој бил отпуштен од работа.

Една година подоцна, Фреди Греј починал на 19 април, откако претрпе фатална повреда на ‘рбетот додека бил во полициски притвор.

Неколку илјади демонстранти протестирале во Балтимор поради смртта на 25-годишнен Афроамериканец.

Истата година Теренс Вокер бил убиен од полицаец. Полицаецот го запрел Вокер и го прашал дали е вооружен, а неколку секунди подоцна Вокер започнал да бега.

Додека тој трчал, нешто паднало од него, а полицијата тврди дека станува збор за пиштол. Полициски службеник испукал пет куршуми кон Вокер.

Пред четири години беше објавено видео на кое се гледа како полицајка од Тулса пука кон невооружен Афроамериканец. Таа била на местото на настанот по пријавата дека напуштено возило се наоѓало на патот. Полицијата првично тврдела дека оружјето било користено кога Теренс Кручер (40) не се придржувал на наредбата да ги крене рацете.

Како и да е, на видеото се гледа Кручер како стои на средина од патот со кренати раце во воздухот, а потоа се приближува кон неговиот автомобил и застанува додека неколку полицајци држат пиштоли вперени во него. Набргу потоа, се слушнал истрел, а Кручер паѓа на самото лице место.

Според тековните настани, Минеаполис бил сведок на уште едно убиство на Афроамериканеце во 2018 година, кога двајца полицајци, Џастин Шмит и Рајан Кели трчале по 31-годишниот Турман Блевинс, а потоа испукале неколку истрели кон него, додека тој со грб бил свртен кон нив.

Полицајците тврдела дека тој бил вооружен. Во исто време, убиството предизвика протести во Минеаполис. Локалното население тврдеше дека Блевинс бил невооружен и имал само шише вода во раката.

Неодамна се случило ново убиство на Афроамериканец, кое ја разбранило јавноста, како во САД така и во светот.

Ахмауд Арбери бил убиен порано истата година, додека трчал во малиот крајбрежен град Брунсвик, .орџија. Тој бил пресретнат на улица од татко, поранешен полицаец и неговиот син, кои сметал дека е крадец одговорен за кражбите во соседството.

Синот се соочи со Арбери и го убил откако претходно се тепале и бореле за неговата пушта.

Протестите за ова убиство беа спречени поради мерките воведени во САД во борбата против епидемијата.