Бројни научни истражувања потврдија дека домашните миленичиња делуваат благотворно на нашето расположение и физичкото здравје.
Дури и само кога ги посматраме кучињата и мачките, па дури и рибите во аквариум, во телото се случуваат физиолошки промени.
Се намалува нивото на кортизол, хормонот на стрес, и се зголемува создавањето на серотонин со што се подобрува нашето расположение.
Домашните миленичиња ни помагаат подобро да реагираме на стресот, а според новите истражувања, не штитат и од алергии.
Сопствениците на кучиња, благодарение на нивните миленици, повеќе се во движење и редовно имаат физички активности, макар да е тоа само прошетка.
Повеќе научни истражувања покажаа дека домашните миленичиња позитивно делуваат врз кардиоваскуларното здравје.
Во едно истражување во кое учествувале 240 брачни парови, утврдено е дека сопствениците на домашни миленици имаат понизок крвен притисок во состојба на мирување отколку луѓето кои немаат куче или мачка.
Друга студија укажа на тоа дека кај децата со хипертензија се намалува крвниот притисок додека ги милуваат животните.
Исто така, забележано е дека сопствениците на миленичиња имаат пониски вредности на холестерол и триглицериди во крвта.
Домашните миленичиња не само што помагаат да се опуштиме и развеселиме кога сме под стрес, туку и можат да помогнат кај лица кои се лекуваат и опоравуваат од сериозни пореметувања на расположението како што е депресијата.
Самото милување на домашните животни има смирувачко дејство.
Додека ги шетаме или си играме со нашите миленичиња, додека се грижиме за нив и нивните потреби, забораваме на проблемите и свесни сме за сопствената улога и значењето во животот на нашиот мал пријател.
Тие навистина ни го збогатуваат животот, не прават посреќни и поздрави, и времето кое го вложуваме во нив дупло ни го враќаат.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.