Не го пуштајте од својот живот мажот со овие 11 доблести

343

Доколку запознаете маж, кој е силен, но не мора секогаш да биди најпаметен, има доза на дрскост и самодоверба, но неизмерно ве сака, не го пуштајте од раце!

Спедуваат 11 доблести кои секоја жена би ги посакала:

1. Додека ве гледа, навистина ве гледа

Доколку мажот во гледа директно во очи и ве слуша, тоа е знак на вистински интерес. Учеството во разговорот и поставувањето прашања го покажува неговиот интерес, тој сака да нурне во душата на жената, да разбере каква личност е таа. Тој не е заинтерсиран само за телесниот контакт, ниту жената му служи како додаток, тој сака партнер, кој го цени.

2. Добар е, но не дозволува другите да го газат

Постојат агресивни типови на мажи, кои со својот став и однесување покажуваат дека сметаат оти се подобри од другите. Од друга страна постојат мажи со пасивен карактер и слаба волја, кои со сила се трудат да бидат прифатени од другите. Највреден е мажот во кој се обединети овие особини, тој има мерка меѓу понизноста, но и самодовербата. Неговото срце е нежно, но може да биде и брутален и ефикасен во битките кои треба да ги извојува.

3. Знае да готви

Притоа не значи дека тој треба да биде врховен готвач, импресивно е да ги знае основите на готвењето, пред се за да може сам себе да се прехрани. Освен што љубовта оди преку желудникот, кулинарската вештина е показател за неговата снаодливост и волјата да ги дели со вас и другите домашни обврски.

4. Амбицозен е, но и приземјен

Луѓето, кои не тежнеат кон нешто подобро во животот и не се подготвени да работат за тоа, се осудени на досадно и пасивно преживување. Не е поентата во тоа мажот да биде визионер и сонувач со невозможни соништа, туку само неговиот мозок да работи, да сака успех заради лично признавање на своите способности и за да ви обезбеди убав живот.

Продолжува на страна 2