Се породила додека спиела

108

Неверојатно пораѓање се случи во италијанскиот град Фросиноне, кога жената роди момче додека спиеше, без никакви болки во бременоста или какви било други симптоми на породување, пишува локалниот весник „Фросиноне денес“.

Мајката се разбуди среде ноќ само кога го почувствува детето меѓу нозете, рекоа родителите.

Таткото на момчето, Томасо, повикал брза помош, а кога докторите дошле во 2:30 по полноќ, заклучиле дека мајката и бебето се добри.

Во секој случај, мајката и бебето биле однесени во болница, но и двете, според лекарот, се во одлична здравствена состојба и без никакви проблеми.

На овој пар ова му е второ дете