“Кога мислеше дека не те гледам …” | Порака до секој возрасен кој е родител или планира да биде

3200

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како се грижиш за нашата куќа и секој во неа и научив дека треба да се грижиме за она што ни е дадено.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како се справуваш со своите одговорности, дури и кога не се чувствуваш добро и научив дека треба да бидам одговорена кога ќе пораснам.

Кога мислеше дека не те гледам, јас ги видов солзите во твоите очите и научив дека понекогаш ќе бидам повредена, но нема ништо страшно во тоа да поплачеш дури.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како си загрижен и сакав да бидам она што јас би можела да бидам. Кога мислеше дека не те гледам, јас научив најмногу од лекциите на животот што треба да знам за да бидам добар и креативен човек, кога ќе пораснам.

Кога мислеше дека не те гледам, јас те погледнав и сакав да ти кажам “благодарам!” За сите оние нешта што видов, кога ти си мислеше дека не те гледам.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.