Пролетно бојадисување | Каква боја да изберете за вашиот дом и како ќе влијае на вас

587

При изборот на бои за ѕидови, завеси, тапети, мебел во домот,  треба да знаете и како тие ќе влијаат на вас.

Разновидните нијанси во домот во голема мерка влијаат на атмосферата, затоа што можат да го подобрат расположението или да ја разбудат меланхолијата.

Пред да го направите изборот на бои, водете сметка за сите членови на семејството и за намената на просториите.

Црвените тонови ја поттикнуваат енергијата и агресивноста, па не е добро да доминираат во домот. Во помала мерка, имаат позитивен ефект во дневната и во работната соба, но не се препорачуваат во кујната, затоа што будат апетит. Интересно, но велат, оваа боја во спалната соба  предизвикува несоница.

Жолтата боја има ефект на сонцето во куќата, има позитивен ефект и врз расположението, а буди и енергија. Светлите нијанси од жолтата, се препорачуваат  за сите соби, а потемните нијанси можат да бидат “тешки”, посебно во работните соби, затоа што успиваат и ја нарушуваат концентрацијата.

Зелената е ладна боја и во остар контраст со црвената боја. Придонесува за хармонична атмосфера, опушта и го ублажува стресот. Најпозитивен ефект има во дневната соба, трпезаријата, канцеларијата и собата за децата. Но, потемните, маслинести тонови будат меланхолија и гадење.

Сината боја има смирувачки ефект, ја носи освежувачката енергијата на морето и небото. Светлите и темните нијанси на сината боја имаат стимулирачки ефект врз мозокот и ја олеснуваат несоницата, па идеални се за спалните соби.

Виолетова боја секогаш придонесува  за добра атмосфера,  најефикасна е во дневната соба, но треба да се избегнува во спалната,  во детската соба, во кујната или во бањата, бидејќи може да предизвика вознемиреност.

Исто како виолетовата и портокаловата боја е одлична за во дневната соба, бидејќи ја зголемува енергијата, но има негативен ефект во спалната, во детската соба и во кујната.

Епа сега вам ви останува, доколку според овој “правилник” сте погрешиле со боите, за засукате ракави и веднаш на кречење.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување