Во книгата “Модерна љубов“ од Манди Лен Катрон, во поглавјето „Да се вљубиш во секој, направете го тоа”, таа се осврнува на студијата на психологот Артур Арон (и други) која истражува дали интимноста меѓу двајца луѓе може да се забрза со тоа што меѓусебно ќе си постават специфична серија лични прашања.
36-те прашања во студијата се расчленети на три сета, при што секој сет е поинтимен од претходниот.
Клучната идеја е: взаемната ранливост ја поттикнува блискоста. Авторите на студијата пишуваат: „Овој клучен образец е поврзан со развој на близок однос меѓу партнери и претставува одржливо, ескалирачко, реципрочно, лично отворање”. Да се биде ранлив заедно со друга личност може да биде многу тешко и токму на тоа се фокусира оваа вежба.
Последната вежба што ја пробале Катрон и нејзиниот пријател – гледање во очи во траење од четири минути – е недоволно документирана со сугерираното времетраење од две минути до четири. Но, Катрон е недвосмислена во нејзината препорака: „Две минути е доволно за да се преплашите. Четири минути навистина можат да ве одведат некаде“, вели таа.
Еве ги прашањата што треба да си ги поставите како предуслов меѓусебно да се вљубите
Прв сет
1. Кога би можеле да изберете кого било во светот, кој би сакале да ви биде гостин на вечера?
2. Дали сакате гостинот да биде славен или познат? Заради што да биде познат?
3. Пред да телефонирате, дали вежбате што ќе кажете? Зошто?
4. Што претставува „совршен” ден за вас?
5. Кога последен пат сте си пееле за себе? А за некој друг?
6. Кога би можеле да живеете 90 години и да го задржите умот или телото на 30-годишник, во последните 60 години од вашиот живот што би сакале?
7. Дали имате тајно претчувство за тоа како ќе умрете?
8. Наведете три работи кои вам и на вашиот партнер ви се заеднички.
9. За што во животот се чувствувате најблагодарни?
10. Ако би можеле да промените нешто во начинот на кој сте пораснале, што би било тоа?
11. За четири минути раскажете му ја на партнерот вашата животна приказна со колку што е можно повеќе детали.
12. Ако од утре би можеле да добиете некој нов квалитет или способност, што би било тоа?
Втор сет
Продолжува на страна 2



















