Трет сет
25. Двајцата кажете по три вистинити изјави што ќе го содржат зборот „ние“. На пример, „Двајцата во собава чувствуваме…”
26. Заврши ја реченицата: „Би сакал/а да имам некој со кого би можел/а да го споделам …”
27. Ако треба да станете близок пријател со некого, ве молиме да споделите што ќе биде важно тој/таа да знае.
28. Кажи му на партнерот што најмногу сакаш кај него; биди искрен, кажи работи што не би можел да му ги кажеш на некој што си го запознал неодамна.
29. Споделете со партнерот еден непријатен момент во вашиот живот.
30. Кога последен пат плачеше пред друга личност? Кога последен пат плачеше насамо?
31. Кажете му на партнерот нешто што на прв поглед ви се допаѓа кај него.
32. Што – ако воопшто има такво нешто – е премногу сериозно за да не се шегуваш со тоа?
33. Ако би умрел/а вечерва, без можност да комуницираш со никого, за што најмногу би жалел/а што не сте му кажале на некого? Зошто уште не сте го кажале тоа?
34. Ако вашата куќа и сè што поседувате ја зафати пожар, кој предмет и зошто него прво ќе го спасите, откако сте ги спасиле најблиските и миленичињата?
35. Од сите луѓе во твоето семејство, чија смрт ќе ти биде највознемирувачка? Зошто?
36. Споделете личен проблем и побарајте совет од партнерот за тоа како тој/таа може да се справи со тоа. Исто така, замолете го вашиот партнер да ви каже како се чувствува во врска со проблемот што сте го му го понудиле за справување.
извор: Њујорк тајмс
превод. Окно



















