Истражувачите тестирале стотици деца на возраст од 20 месеци, така што пред нив ставиле суво грозје, го прекриле со чаша и им рекле на децата да чекаат сѐ додека не им се каже дека можат да го изедат сувото грозје.
Како да се предвиди идниот успех на вашето бебе? Како тоа ќе се справи во училиштето кога ќе има осум години? Научниците од Универзитетот во Варвик тврдат дека е многу лесно да се дознае одговорот.
Поточно, научниците тестирале стотици деца на возраст од 20 месеци, така што тие ставиле суво грозје пред нив, го прекриле со чаша и им рекле на децата да чекаат додека не им се каже дека можат да го изедат сувото грозје.
Овој наједноставен тест може да излезе вистинско мачење за мало дете и многу се откажаа. Но на крајот, истражувачите утврдиле дека децата кои чекале да го изедат грозјето имале дури седум поени повисок степен на интелигенција, кога наполниле 8 години.
“Играта со сувото грозје е лесна и ефикасна алатка за проценка на добра контрола за инхибиција кај малите деца и може да се користи во клиничката пракса за да се идентификуваат децата кои се изложени на ризик за развој на проблеми со внимание и учење”, изјави истражувачот на британскиот Telegraph Dieter Wolke.
Во текот на истражувањето, утврдиле дека предвремено родени деца лошо поминуваат на тестот, што значи дека е поголема веројатноста дека ќе имаат лоша контрола на вниманието и слаби академски достигнувања. Научниците веруваат дека нивното откритие ќе се користи за децата со потенцијални проблеми со цел да им се помогне додека се на многу рана возраст.