8 совети на невробиолозите за тоа како да се стaнe среќен еднаш засекогаш

1825

Постојат илјадници совети и психолошки методи за тоа како да се чувствувате среќни и да му се радувате на секој нов ден.

Но, што може да не советува нашиот сопствен мозок?

Собравме совети од невробиолози, кои точно знаат зошто и кога нашиот мозок нѝ обезбедува чувство на целосно задоволство

Научете да кажете “благодарам”

Што се случува?

Кога се заблагодаруваме на некој човек или дури и на судбината за нешто, тогаш се фокусираме на позитивните аспекти на животот.

Пријатните сеќавања и чувство на благодарност го стимулираат лачењето на серотонинот во предниот дел од кората на големиот мозок. Овој метод често се користи во третманот на депресија.

Решавајте ги проблемите еден по еден

Што се случува?

Мозокот 24 часа бара решение за секој проблем кој нѐ мачи. На тоа се троши многу енергија, па затоа чувствуваме нервоза и раздразливост ако мозокот веќе се уморил, а решението сѐ уште нема.

Но, за секое решение тој си ја зголемува порцијата на невротрансмитерите, кој го смируваат лимбичкиот систем и нѝ помагаат повторно да го видиме светот во најдоброто негово издание. Затоа е најдобро да ги решаваме проблемите еден по еден.

Искажете ги сите лоши работи што ви се акумулирале

Што се случува?

Кога едноставно гледаме нешто непријатно и кога зборуваме за она што не нѝ се допаѓа, се активираат различни делови од мозокот.

Во вториот случај, непријатните емоции имаат послабо влијание врз човекот. Затоа е корисно да искажете сѐ што ќе ви се насобере, па мозокот ќе почне да лачи серотонин, па дури ќе извлече и нешто позитивно од секоја непријатност.

Допири и прегратки

Што се случува?

За еден човек е важно социјалното влијание. Социјалната поддршка, особено допирите и прегратката му помагаат на човекот побрзо да закрепне по болеста.

Ако се отсрани од животот тактилната комуникација, мозокот тоа ќе го разбере како физичка болка, бидејќи за тоа се одговорни истите зони. Како резултат на тоа ќе се активираат процеси кои влијаат на расположението и помагаат при појава на депресија.

Учење, учење и само учење

Што се случува?

Новите информации за мозокот се постојана промена на средината. Затоа тој се труди да се прилагоди, да се развива и се надградува со допамиинот, хормонот на среќата, за добивање и обработка на нови информации.

Ако сакате да бидете среќни, не плашете се да пробате нешто ново, да ја промените животната средина и да научите сè што уште не сте научиле.

Занимавајте се со спорт

Што се случува?

Физичко оптеретување – тоа е стрес за телото. Штом ќе заврши со оптеретувањето од стресот, се лачи ендорфин. Го лачи хипофизата како награда и наликува на опијатите, кои ја намалуваат болката и го подигаат расположението.
Не е потребно да трчате маратон, дури една обична прошетка може да направи чуда.

Прошетката не напразно писателите и композиторите ја сметаат за задолжителен услов во креативниот процес.

Спијте цврсто 

Што се случува?

Додека спиеме во мрак, хормонот мелатонин се излачува; тој ги успорува сите процеси во телото, помага да се регенерира и го зголемува нивото на серотонинот во хипоталамусот.

Ако мозокот ја почувствува промената на светлината, хормонот на стресот почнува да се лачи, за телото побрзо да се разбуди. Затоа е важно да спиете по 6-8 часа на ден, особено во темна просторија.

Постојано бидете во исчекување на нешто пријатно

Што се случува?

Процесот на очекување на задоволство, како што се храната или сексот, сличен е на рефлексот на лачење на плунката, која ја оркрил Павлов. Нашиот мозок чувствува особено задоволство кога ќе претчувствува дека нешто пријатно ќе се случи.

Тоа е причината зошто ние сакаме да ги броиме часовите и минутите до некој посебен момент, свадби, собири со пријателите, или само до крајот на работниот ден.