Рибите се дефинитивно најголемите наивци на Зодијакот.
Луѓето родени во овој хороскопски знак живеат во нивниот свет на имагинација и им е многу тешко да се соочат со суровата реалност.
Токму поради таа потреба да ги игнорираат сите проблеми и мрачни страни на животот, тие се многу наивни.
Паѓаат на секој убав збор верувајќи во човечката добрина. Тие лесно стануваат жртви на трикови и измами затоа што им е тешко да разберат дека некој би сакал да повреди некому.
Затоа е многу важно да се опкружат во животот со луѓе кои имаат добри намери, бидејќи во спротивно наивноста може скапо да ги чини.