Вагината може да ви “зборува”
Не во буквална смисла, се разбира, но ако се погледне повнимателно во неа ќе најдете дека таа “зборува” многу јасно за својт статус. Прегледувајте ја редовно вагината со огледалце, за да реагирате навреме, ако забележите нешто лошо во надворешниот нејзин дел.
Внимавајте на струите и мирисите кои таа ги зрачи за да дознаете дали сè со неа е во ред.
Вагината се брани сама
Веројатно нема жена која не си помислила барем еднаш во животот, дека тампонот, менструалната чаша или кондомите можат да се изгубат некаде во вдлабнатините на вагината и да не излезат никогаш повеќе оттаму.
Тоа не е можно! Вагината се брани сама себе од слична инвазија. Точно е дека вагината е поврзана директно со матката, но грлото на матката е таму за да го спречува влегувањето на какви и да било предмети навнатре во матката.
Единственото нешто што може да помине низ овој тесен канал, и тоа како низ вентил е спермата.
Вагината може да приклешти пенис
Ова не е шега. Вагината буквално може да го задржи пенисот во заробеништво. Овој феномен е исклучително редок. Се случува кога за време на сексуален однос мускулите на карлицата ќе ја “здрват” мускулатурата на вагината и предизвикаат нешто како спазам, кој го прави вадењето на пенисот од вагината невозможно.
Ако ви се случи треба да легнете и да побарате медицинска помош, ако е можно.


















