7 правила за подобар живот | “Никогаш не ја префрлувајте одговорноста!”

2373

Андреј Курпатов, познатиот руски доктор психотерапевт, писател и колумнист во многу публикации, напишал златни правила на својот живот. Ви предлагаме да ги прочитате, едноставно можат да ви одговараат.

Креаторот на современиот модел на психологијата, е автор на повеќе од сто научни трудови и неколку десетици монографии, раководи со еден од најдобрите психотерапевтски центри во Русија, советник е на Сојузното собрание на Руската Федерација за прашања од психолошка култура и менталното здравје.

Андреј Курпатов е лекар-психотерапевт, исклучителен специјалист со голем авторитет, директор на Клиниката д-р Андреј Курпатов, началник на Клиничкиот центар во Санкт Петербург, член на Балтичката педагошка академија.

Неговите книги се многу интересни, напишани на разбирлив јазик, се полни со иронија и навистина помагаат!

1. Никогаш не ја префрлувајте одговорноста за она што ви се случува во животот на туѓ грб

Јас разбирам дека постои постојано искушение да ги обвинувате другите, тоа можеби е и најлесно со тоа да се оправдате себеси.

Но, моќта ќе ја најдете тогаш кога во целост ќе прифатите дека сте автор на сите свои неуспеси и креатор на своите успеси, пишува Bright side.

2. Прифатете го фактот дека не можете да го промените минатото – готово е

Ние можеме да влијаеме само на иднината, а таа зависи од она што правиме сега.

Не очекувајте дека вашата иднина ќе биде огромна: Треба да правите најдобро што можете за да ви се насмее иднината.

3. Одтфрлете ја илузијата дека можете да ги менувате другите

Потсвесно, сите ја имаме таа наивна илузија дека можеме да смениме некого. Како резултат на тоа, страдаме затоа што не можеме тоа да го спроведеме во дело.

Само околностите можат да ги променат луѓето – сè друго е само перцепција на измамата.

Дозволете им на другите да бидат различни, да бидат она што се.

Во одреден момент, можеби ќе почнете да уживате во нив.

Продолжува на страна 2