Дали знаете зошто “кумството не се одбива”?

3882

Објавено May 28, 2016. Прочитале 1502

Сигурно сте слушнале стара народна поговорка “Кумството не се одбива.” Што ќе се случи ако навистина одбиете да бидете кум некому, на свадба или на крштевање?

Добро позната поговорка дека “Кум не е копче”, се населила во нашите простори и денес многу често се користи. Кога велиме кум, првата асоцијација која им паѓа на ум е пријател за цел живот, кој никогаш нема да ве изневери, кој секогаш ќе биде тука за вас како дел од семејството и на кого ќе можете да се потпрете во секој момент.

Кумството спаѓа во духовно сродство и може да биде кум на крштевање, како духовен татко на детето, на пример, и кум на свадба, како сведок на две лица при стапување во брак.

За Србите, кумството претставува светост, па така кумовите се сметаат најблиски на семејството. Така кумот има посебно место на масата на секоја слава, на свадба е најважната личност и зазема посебно место во животот на едно семејство.

Уште една стара поговорка, која ја одбележува големината на овој однос е “Кумството не се одбива.” Голем број на луѓе се прашува зошто е тоа така и што ќе се случи ако дојдат во ситуација да го одбијат кумството.

Истражувајќи што може да се случи ако се одбие кумство, дојдовме до различни верувања кои се пренесуваат низ народот.

Едно од нив е дека ако одбиете да бидете кум на свадба, низ животот ќе ве следат несреќи и никогаш нема да ја пронајдете својата сродна душа, затоа што одбивте пред Бога и луѓето да сведочите за бракот на две лица.

Некои луѓе веруваат дека покрај несреќата во љубовта, одбивањето кумство носи и осаменост до крајот на животот, и дека човекот кој одбил кумство нема да има покрај себе вистински пријател. Друго народно верување е дека човек кој ќе го одбие кумството на крштевање на детето никогаш нема да има “пород”. Со други зборови, сам не ќе може да има деца и не ќе може да го прошири своето семејство, бидејќи не е подготвен да ја преземе голематаа духовна обврска.

Продолжува на страна 2