Дали знаете зошто “кумството не се одбива”?

3883

Во потрага по некој друг одговор, му се обративме на верскиот аналитичар, Живица Туциќ, кој прво нѝ објасни кој би требало да биде кум и што тој би требало да претставува.

Кум е лице од доверба. Но, сега кумството е многу поинакво отколку што порано било. Старите кумства повеќе се одржувале и на некој начин биле посилни, а денес на овој чин повеќе се гледа низ материјална призма. Ниту свадба ниту крштевање не може да се направи без кум, затоа што тој е оној кој сведочи за овој настан.

Тој, исто така, наведе дека кумот при крштевање на детето се заколнува пред Бог дека ќе се грижи за тој мал живот, што би, како што вели, требало да значи дека тој ќе ја преземе целата одговорност и грижа за детето, ако нешто им се случи на родителите.

“Тоа е морална одговорност на кумот, за детето кое го крстил да води сметка. Ако нешто се случи, по христијанското правило, тој ќе стане старател на детето. Но, мислам дека по законот старателството им се доделува на поблиските роднини “, заклучува овој верски аналитичар.

Колку се точни традиционалните верувања и што ќе се случи ако кумството се одбие?

– “Јас не кумувам. Јас сум веќе кум, од пред триесет години, и после тоа никогаш повеќе не сум бил. Суеверијата, како несреќа, осаменост и слично не се вистинити. Особено затоа што луѓето понекогаш навистина немале можност да бидат кумови. Причините за тоа можат да бидат материјални, географски, лични … некој не може да прифати, на пример, поради болест.”

Живица рече дека во земјите како Унгарија, Романија и Германија често е случај кум да биде некој од роднините. На пример, тоа може да биде чичко, вујко, а неретко и брат.

Кумот е важен дел на секое семејство и самата традиција на нашиот народ и затоа советуваме да го изберете внимателно, а кога ќе го изберете, ценете го, сакајте го и почитувајте го како член на семејството.

(Telegraf.rs)