Сине вака однесувај се кон девојчињата

346

Начинот на кој мажите кога ќе пораснат ќе се однесуваат кон другите, пред се кон жените во својата околина, зависи од тоа што ќе го научат во детството. Прочитајте го писмото на еден татко, во кое го советува својот син во врска со тоа

– Нашата збунетост во врска со жените почнува рано, пишува на својот сајт докторот Кели Фланаган.

– Кажано ни е дека тие се многу поинакви од нас. Жените имаат емоции, мажите мускули. Тие негуваат, мажите се тука за да заштитат. Жените сакаат да зборуваат, мажите да работат. Додека тие бараат љубов, мажите бараат почитување. Мажите се од Марс, а жените од Венера. Научени сме да мислиме дека тие се вонземјани, вели тој.

Овој татко му порача на својот син кон девојчињата и жените секогаш да се однесува, пред се како кон човечки суштества.

– Со векови наназад генерациите момчиња се научени да мислат дека жените се поинакви, помалку вредни од мажите. Го користевме женското тело како забава, упатувајќи шеги на нивна сметка, а потоа уверливо сето тоа го порекнувавме, пишува во писмото.

– Младите мажи треба да престанат да ги третираат жените како потчинети објекти и треба кон нив да се однесуваат хумано, како кон душа, која има своја цел, додава таткото.

Како да се постигне тоа?

– Постои едно златно правило: квалитетот на љубовта, што ја чувствуваш кон другите е ограничен со љубовта што ја чувствуваш кон себе. Со други зборови, нашиот однос кон девојчињата или жените е само одраз на самите нас, пишува овој татко.

– Значи додека не научиме да се прифатиме себе си, не можеме да ги прифатиме другите. Не научиле да се срамите доколку се чувствуваме ранливи или слаби. Поради тоа, кога ќе нурнеме во своите чувства и ќе сфатиме дека се чувствуваме несигурно, уплашено, осамено, го презираме тоа што го гледаме. Кога ќе сфатиме дека одвнатре сме празни, се обидуваме тоа да го надоместиме со различни искуства како богатство, предмети или луѓе кон кои се однесуваме како кон предмети. Од друга страна жените се опседнати со своето тело, бидејќи се научени да веруваат дека убавината е она што се гледа однадвор, а не знаат да ја препознаат внатрешната убавина во себе. Од иста причина и мажите се опседнати со нивното тело. Научени сме да веруваме дека во нас не постојат вредности, кои сме ги наследиле, поради што тие вредност ги бараме некаде надвор. Ги бараме во жените, пишува во писмото.

Овој татко го советува својот син, но и сите други најпрво да нурнат во своето срце.

– Престанете да се обидувате да го победите срцето или да го освоите телото на жените. Наместо тоа, смирете се во својата душа. Откријте дека не вредите толку, колку што имате, како и дека вашата вредност не зависи од тоа со што се занимавате, туку каков човек сте. Пронајдете ја во себе љубовта, која ќе ви помогне да ги прифатите и силата и слабоста, и успехот и падот, додава таткото.