Корисникот на TikTok тврди дека овој трик и го променил животот и ѝ го спасил времето.
Корисничката на „Тикток“ Лорен Хендерсон тврди дека ние постојано ги бричиме нозете неправилно и дека „правилниот метод“ бара само 30 секунди по нога.
Во видеото што стана вирален хит, таа објасни дека клучот за правилна депилација не е да се подига бричот од кожата, пренесува The Sun.
“Ова го промени мојот живот засекогаш. Ако ги бричиш нозете, послушајте ме. Знаете како до сега сте ги депилирале нозете со брич? Погрешно! Обидете се вака. Депилирајте ги нозете, но не го кревај бричот од кожата … Така ја избричив ногата за околу 30 секунди – најбрзо досега. Може со бричот да поминете преку колено и нема да се исечете“, вели Lauren.
@lalalalauren00Who freaking knew? Cause I didn’t? thank you girl on tiktok—I am forever changed! #fy #fyp #foryou #shavingtips #shavinghack♬ original sound – Lauren Henderson
Нејзиниот трик импресионира илјадници корисници на TikTok.
„За прв пат во животот, едвај чекам да си ги депилирам нозете“, „Го правам ова околу 20 години и мислев дека секој го прави тоа кога е мрзлив“, „Го пробав ова од љубопитност и навистина функционира. Не се исеков и нозете ми се мазни“, се само дел од коментарите.