Дали знаете кои сè реки во светот се подолги од Дунав?

3376

Дунав е формиран од сливот на две швајцарски рекички, Бригах (42,7 км) и Брег (47,6 км).

Тие се среќаваат во близина на градот Донауешинген на 678 m надморска височина, од каде што течат под името Дунав до делтата на устието во Црното Море. Вкупната должина на Дунав е 2.783,4 km, а со Брег 2.831 km.

1. Хидрогеографскиот извор на Дунав во капелата Свети Мартин во Фуртванген во Шварцвалд: Брегкеле, изворот на најдолгиот тек на Дунав, Брег, каде што Дунав е симболизиран со римската алегорија за реката Данув.
2. Симболичниот извор на Дунав во Донаушинген: изворот на Донаубах (Дунавски поток), кој се влева во Бригах.
3. Изворниот спој на Дунав во Донаушинген: Донаузусаменфлус, сливот на Брег и Бригах.

Иако е најголемата река во Европа по Волга, во светот има 33 реки подолги од Дунав. Тоа се:

Амазон со Ucayali 7.025 km (со Maranhón 6.771 km),
Нил со Кагер 6.671
Мисисипи со Мисури 6.420,
Јангце 6.300
Парана со Рио Гранде 5.610,
Мекензи со Атабаска 5.572
Хоанхо 5.464
Об со Иртиш 5.410,
Јенисеј со Ангара и Селенг 5.060,
Мисури 4.740
Конго со Чамбеши 4.700,
Меконг 4.500
Амур со Аргун 4.444,
Лена 4.400,
Иртиш 4.248
Нигер 4.160
Мисисипи 3.950
Мари со Дарлинг 3.750,
Јукон 3.700
Волга 3.531 (пред изградбата на вештачки езера 4.688),
Свети Лоренс од изворот Сан Луј 3.350,
Журуа 3.283
Шат-ел-Араб со Еуфрат 3.260,
Мадеира 3.230
Пурус 3.200,
Салуен 3.200,
Инд 3.180,
Рио Гранде дел Норте 3.033
Сер-Дарија со Нарин 3.019,
Долна Тунгуска 2.989
Брамапутра 2.900
Токантинс 2.850 и
Сао Франциско 2.800
а после сите нив следи 34-ти Дунав.

Според американското National Geographic Society, Амазон е долг 7.025 километри, додека Institttuto de investigaciones sobre la Amazonia Peruana прифаќа 6.885 километри за должината на оваа огромна река, што е за 140 километри пократко од американските податоци.

Вруток, извоорт на Вардар

Нашиот Вардар е најголемата река во Македонија и воопшто целиот регион Македонија. Долг е 388 км и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 км2. Извира во Гостиварско и завршува во Солунскиот Залив, Егејска Македонија, во заштитената месност наречена Делта на Вардар.