РОДИТЕЛИ, ВНИМАНИЕ  Што нѝ кажуваат детските цртежи

3157

Што цртаат момчиња, а што девојчиња

Разликата помеѓу тоа како и што цртаат девојчињата и момчињата сигурно постои. Така девојчињата обично цртаат кружни објекти, како цвеќе и срца, а аглите, прави линии и квадратни предмети се типични за момчињата. Автомобили, камиони или слични средства за транспорт, исто така, често заземаат централно место во нивните цртежи.

Исто така, децата се склони да цртаат деца од ист пол. Покрај тоа, некои истражувања откриле дека девојчињата користат повеќе бои додека цртаат од момчињата, и дека тие бои се обично со потопли тонови (на пример розова), додека момчињата преферираат поладни бои (како на пример сината).

Што значат боите на цртежите

Изборот на боја, исто така, многу зборува за карактерот на детето.

  • Црната и виолетова претставуваат дете кое сака да ја преземе иницијативата и кој е сигурен во себе, но кој до одреден степен многу бара.
  • Сината ја сакаат деца кои се полни со љубов и уживаат во друштво.
  • Црвената е боја на возбуда и една од боите која децата сакаат да ја користат. Таа особено ја користат децата кои се љубопитни и кои не сакаат ништо да пропуштат.
  • Розовата боја означува потреба од љубов и почитување и омилена е боја на девојчињата
  • Зелената боја е симбол на деца кои сакаат да бидат различни, кои ја сакаат слободата, кои се уметнички души и многу интелигентни.
  • Жолтата одразува интелигенција и весела, пријатна природа како сонцето.

Позиција на цртежот на хартијата

Цртежот е одраз на детската животна средина. Начинот на кој детето го користи просторот на хартијата, покажува на неговиот однос кон животната средина.

  • Ако цртежот е на левата страна, детето е приврзано за мајката и минатото.
  • Ако дава предност на десната страна, тој се чувствува поблиску до неговиот татко, тој ја чувствува потребата да комуницира и заинтересиран е за иднината.
  • Дете кое црта големи објекти и ги позиционира во средина на хартијата сигурен е во себе и цврсто стои на земја.
  • Малото момче кое црта мали нешта во долниот агол на листот, или во аголот, изразува чувство на несигурност или неспособност да се справи со проблемите.

Продолжува на страна 4