Сексот би требало да биде нешто да нè тера да се чувствуваме топло и повеќе од одлично, нели? Тоа доведува до заклучок дека сексуалниот однос може да води по себе само позитивни емоции.
Но благодарение на нова научна област, која ги истражува реакциите на луѓето по сексуален однос, сигурно можеме да кажеме дека сексот не предизвикува само експлодирачки чувства, пишува Cosmopolitan. Постсексуалната дисфорија (посексуално иритација / страдање е медицинското име кое ќе го разгледуваме.
Излегува дека е многу чест, но недоволно проучен феномен од човечкиот бит. Следсексуалната иритација може да се појави и кај мажи и кај жени, апо половиот акт тие чувствуваат вознемиреност, стануваат агресивни или запаѓаат во депресивни состојби. Според експертите, во некои случаи луѓето стануваат немирни, бидејќи сексот не ги задоволил нивните очекувања. И иако за состојбата не се знае многу од научниот свет, нека се види она што е очигледно.
Големите девојки (и момчиња) плачат
Понекогаш дури и се чувствуваат лошо по искуство на нешто неверојатно. Една мала, но револуционерно од ваков вид истражување од октомври 2015 година покажува дека 46% (од 230 жени во сексуално активна возраст) барем еднаш во животот доживеале постсексуална иритација.
Тоа значи дека речиси половина од жените во активна возраст се чувствувале или се впуштаат во состојби на меланхолија, анксиозност, агресивност, депресија после секс, дури и тој да бил убав. Истите ефекти се јавуваат и при мастурбација.
Д-р Роберт Швајцер е водечки истражувач на ова прашање. Тој истакнува дека на база на истражувањата добил резултат – 1% од испитаните пациенти (кои сите се жени) секој пат после секс се борат со силни емоции. Според д-р Швајцер состојбата се следи и кај мажите.
За изненадување на експертот, науката открива дека голем процент од луѓето доживеале постсексуална дисфорија.
Д-р Швајцер вели дека луѓето го опишуваат медицинскиот феномен како “чувство на гнев или срам”, а исто така и како “да изгубиш дел од себе”. Еден 20-годишен маж напишал приказна за постсексуалната дисфорика во Њујорк Тајмс, опишувајќи го статусот како “целодневна депресија”.
Во случајот станува збор за неможност човек да се чувствува добро во својата кожа. Овие чувства не секогаш се придружени со солзи, како што понекогаш има и солзи без чувства. За феноменот се знае малку и научниците се збунети, но барем за едно се согласуваат – постсексуалната иритација не треба да е повод да се чувствувате изолирани.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















