Зошто дел од жените и мажите плачат после секс?

1699

Плачот не е причина за разделба

Она што д-р Швајцер открива е дека можете да го добиете највисокиот оргазам со човекот кој го сакате, а потоа да западнете во ретроградност на Меркур. Научникот смета дека “постои зависност меѓу постсексуалната дисфорија и врските меѓу луѓето”. Всушност тој истражува среќни парови, па не грижете се – иритација после секс не е знак дека треба да се разделите со него или со неа.

Што вели психологијата?

Д-р Меган Флеминг е психолог и секс терапевт во Њујорк. Таа препорачува кога ќе почувствуваме дека после секс се чувствуваме вознемирени или иритирани, да ја побараме објективната причина за тоа иритација. Можно е таа да биде во партнерот или во околината. Оргазмот е сериозно ослободување

Додека оргазмот може да се почувствува како акумулација и ослободувачко задоволство, тој може да ослободи заедно со уживањето и други емоции. Д-р Флеминг го споредува тоа со притисок на тенџере на шпорет и вели дека оргазмот може да катализира експлозија на акумулацијата во текот на денот, неделата или месецот , а комбинацијата од појавата на сите овие емоции да нè тера да се чувствуваме лошо.

На крајот, што ако се чувствувам лошо после секс?

Ако се набљудувате во себе феноменот на постсексуалната иритација и се грижите, погодете што – не е потребно. Не значи дека сте оштетени, или дека не уживате во секој миг од половиот чин, ниту пак дека сексуалниот живот е лош.

Значи дека вие (и веројатно дел од сите кои ги познаваме) сте под влијание на еден многу мистериозен феномен кој оди против се што досега сме знаеле за највозбудливото искуство-секс.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.