Мажите помислуваат на секс 19 пати на ден, а жените ич!

349

Општо позната урбана легенда е дека мажите помислуваат на секс на секои седум секунди, што би значело по 500 пати во еден час или над 8.000 пати за време на 16 часа, колку што во просек е буден еден човек.

Но, ваквате тврдења не се поткрепени со ниту еден научен доказ.

Во истражувањето на институтот „Кинси“, со кое биле опфатени мажи од сите старосни категории, 54 отсто од испитаниците признале дека помислуваат на секс „неколку пати во текот на денот“, 43 проценти – „неколку пати неделно“, а само три отсто рекле дека на секс помислуваат “помалку од еднаш неделно“.

Експерите проценуваат дека овие резултати треба се прифатат со резерва, бидејќи не може со сигурност да се каже колку се искрени одговорите на испитаниците.

Затоа група научници од Универзитетот во Охајо решиле да применат поинаков пристап кон ова прашање. Имено, тие одбрале група испитаници на возраст од 18 до 25 години, ги опремиле со рачни бројачи и им рекле да ја регистрираат секој своја мисла поврзана со сексот, храната или спиењето.

Резултатиѕе од истражувањето покажале дека мажите во просек на секс помислуваат 19 пати во текот на денот, на храна 18 пати, а на спиење 11 пати. Жените, пак, на секс помислиле 10 пати на ден, на храна 15 пати, а на спиење 8,5 пати.