Само 0,45 отсто од животот трошиме на секс

1657

Едно ново американско истражување открива дека просечна личност троши помалку од еден отсто од неговиот живот, поточно 0,45 отсто, на секс.

Тоа се, имено, „мизерни“ 117 денови во просечниот човеков живот.

За потребите на истражувањето, испитани се дури 9.000 луѓе од девет земји за да се дознае што просечна личност работи во своите 25.915 денови живот, односно за време на животен век од 71 година.

Истражувачите дошле до заклучок, дека повеќе време луѓето трошат на вежбање отколку на секс. Имено, во просек се трошат 180 дена на вежбање.

Анализата покажала и дека дури 30 отсто од живот просечниот човек го минува седејќи во канцеларија или дома на кауч, а 41 отсто „дружејќи“ се со модерната технологија.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.