Направете го овој рецепт и уживајте во превкусните залчиња… превкусни пикантни крцкави крилца.
Потребно
- 1 кг пилешки крилца
- 100 грама мед
- 50 грама кафеав шеќер
- 50 мл соја сос
- 1 лажица лимонов сок
- парче ѓумбир
- Подготовка
- Помешајте го медот, шеќерот, соја сосот и лимоновиот сок во една чинија, а пилешкото избришете го со хартиен брисач.
- Ѓумбирот излупете го, па ситно исецкајте го и помешајте го со подготвената смеса.
- Маринирајте ги крилцата во фрижидер најмалку еден час, а треба да бидат покриени со пластична фолија.
- Печете ги отприлија 40 минути во загреана рерна на 220 степени, се додека кожичка да порумени и да добие кафена боја.
- Преостанатата маринада зачувајте ја, загрејте ја на тавче и почекајте две три минути.



















