РОДИТЕЛИ, ВНИМАНИЕ  Што нѝ кажуваат детските цртежи

2438

Какви емоции откриваат детските цртежи

  • Цртежот на вашето дете може да открие неговата емоционална состојба. Немојте да бидете премногу оптеретени со претпоставки за тоа што цртежот би можел да претставува. Сепак, експертите напоменуваат неколку работи на кои можете да обрнете внимание во толкувањето на детските емоции од цртежот:
  • Цртеж со многу детали, кои се прецизно нацртани, откриваат дете кое чувствува потреба да вложува многу труд.
  • Енергичните движења со боичка или молив, особено ако тие се групирани еден до друг, може да биде знак на нервоза, силни емоции, решителност и бес
  • Помеки линии одразуваат понежна и поемоционална природа на детето.
  • Начинот на кој се нацртани линиите е исто така е важен – предмет кој е нацртан со тенки, искршени линии открива дете кое е колебливо и несигурно и кое размислува додека црта. Спротивно на тоа, израз на самодоверба и сигурност во цртежите кои се нацртани со подебели, континуирани и слободно повлечени линии.

Исто така, треба да обрнете внимание на големината на луѓето кое детето ги црта, како и на недостатокот на одредени делови од телото. Така детето луѓето кои ги смета за важни или доминантни ќе ги нацрта поголеми од другите. Отсуството на рацете понекогаш се толкува како знак на срамежливо дете кое не е агресивно, додека премногу големи раце може да се толкуваат како тенденција кон агресивно однесување во колку детето со такви раце се нацртало себе си. Мали стапала се знак на несигурност – во буквална смисла преставуваат нестабилни темели.

  • Импулсивно дете: Големи луѓе, без врат и асиметрија на екстремитетите
  • Загрижено дете: облаци, дожд, приказни кои летаат, луѓе без очи
  • Срамежливо дете: Мали луѓе, без нос или уста, мали луѓе и раце во близина на телото
  • Луто дете: Големи раце и заби, долги раце, вкрстени очи
  • Несигурно дете: Чудовишта, мали глави, без раце, косо нацртани.

Како да се поттикне уметничка креативност на детето

Покрај тоа што е корисно да научат како да ги интерпретираат детските цртежи, родителите, исто така, би требало да подарат внимание на развојот на уметничките вештини и креативност на своите деца. Искуство во цртањето им помага на децата да можат независно да утврдат што и како ќе нацртаат во даден простор и им овозможува да ги пренесат нивните идеи на хартија или на друг формат. Сепак, она што е најважно, креативното изразување им овозможува на децата да го користат волшебниот свет на фантазијата, што е токму она што на секое дете му е потребно.

Продолжува на страна 5