Мистериозно исчезнување на југословенскиот Титаник | Видео

798

Тоа беше најголемиот брод што некогаш бил изграден во Југославија за норвешки сопственик на бродови.

Berge Istra, гигантски танкер, може да транспортира и нафта и железна руда. Во 1972 година, со многу шампањ, Јованка Броз, првата дама на поранешна СФРЈ, го испрати овој брод во море. Но, четири години подоцна, настанот стана познат како „Југословенски Титаник“. Таа ноќ животот го загубиле 30 членови на екипажот, а трагедијата остави нерешени многу теории на заговор.

Приказната за Berge Istra започнува со тогашните геополитички околности. Војната меѓу Египет и Израел го блокира Суецкиот канал, принудувајќи подолга рута околу Африка. За тоа биле потребни поголеми танкери, како оние од 200.000 тони, кои го отворија пазарот за СФРЈ и нејзиното бродоградилиште во Пула. Тие требало да изградат танкери за Bergesen, една од двете најголеми норвешки компании кои поседуваат бродови.

Југославија со гордост го гледаше Уљаник во Пула, и биле спремни за нарачката на норвешкиот бродар Sigval Bergesen. Имено, тој нарачал серија од четири бродови именувани по истарските топоними: Berge Istra, Berge Adria, Berge Vanga и Berge Brioni.

Не тргна на добро

Лансирањето на Berge Istra во 1972 година беше голем настан, на кој присуствуваа југословенските државни, политички и воени лидери, предводени од Јосип Броз Тито. Јованка Броз беше кума на бродот, а спектаклот со лансирањето на бродот долг 314 метри, широк 50 метри и висок 26 метри го следеа сите југословенски медиуми.

„Ти ја подарувам Berge Istra со желба да ја носиш со гордост на твоите градители на сите мориња и океани по кои ќе пловиш. На вашите морнари и офицери им посакувам секогаш добри мориња и среќно пловење“, рече Јованка на испраќањето.

Сепак, церемонијата е одбележана со непријатен инцидент – бродот се заглавил за време на поринувањето, поради што била потребна интервенција на југословенската морнарица. Но, тој проблем немал никакво значење до трагедијата што се случила четири години подоцна кога многумина ја означиле како лош знак.

Тргнале од Бразил кон Јапонија

На крајот на 1975 година, Berge Istra отпловил од Бразил кон Јапонија со 32 членови на екипажот. Berge Istra тогааш половел под знамето на Либерија. Но, исчезнал додека пловел по Ѓаволското Море, дел од Тихиот Океан познат како Змејовиот триаголник, своевиден пандан на Бермудскиот триаголник. Бродот никогаш не се појавил во Јапонија и бил прогласен за исчезнат.

Откако потрагата по Berge Istra не дала резултати и набргу била прекината, почнале нашироко распространети шпекулации за неговата судбина. Многумина верувале дека е киднапиран од пирати за откуп, додека други тврделе дека можеби бил погоден од мина или залутано торпедо. Имало дури и теории поврзани со можната улога на вонземјаните во неговото исчезнување. Директорот на Bergesen, Stageland, ја претстави верзијата дека бродот потонал во ерупција на подводен вулкан.

Британската осигурителна компанија „Lloyd“ го прогласи „Berge Istra“ за исчезнат, а на сопственикот му ја плати најголемата отштета што некогаш била платена за исчезнат брод во тоа време. Според извештајот на New York Times, осигурувањето на исчезнатиот брод Berge Istra тогаш чинело 27 милиони долари, што денес би изнесувало повеќе од 148 милиони долари, пишува BBC.

Двајца преживеани

На 20-ти јануари, јапонските рибари пронашле сплав за спасување во морето со двајца гладни и жедни шпански морнари од Berge Istra. Imeldo Bareto Leon (41) и ЕEpifanio Perdomo Lopez (39) биле единствените преживеани.

Тие сведочеле дека прво слушнале силна, а потоа и две послаби експлозии кои го скршиле бродот, што брзо го испратило на дното. Двајцата успеале да се спасат бидејќи во моментот на експлозијата работеле на лакот на бродот и се нашле на сплавот. Таму ги поминале следните 20 дена, додека гласините за минатото на Perdomo во затвор дополнително ја искомплицирале ситуацијата. Bareto, плашејќи се дека ќе го убие Perdomo за да ги присвои залихите, ги фрлил во морето единствениот убиствен алат – нож и ножици.

Според најистакнатата теорија, експлозиите што довеле до исчезнувањето на Berge Istra можеле да бидат предизвикани од остаток на нафта во товарниот простор, кој бил исполнет со железна руда, според Wikipedia.

Секакви работи се раскажувале

Во Југославија се прошириле гласини дека норвешкиот сопственик намерно го потопил бродот заради осигурителни цели, бидејќи Lloyd платил рекордно обесштетување за Berge Istra. Сепак, ова не е потврдено бидејќи бродот бил исклучително профитабилен. Сепак, Bergesen е обвинет дека не олеснил соодветна истрага и со тоа дозволил да се повтори слична трагедија, што се случила три години подоцна.

Ваквите несреќи довеле до забрана и прекин на изградбата на такви комбинирани бродови. Трагичната судбина на Berge Istra остана мистерија, но остави неизбришлива трага во поморската историја.