Willi Weber – “Го советував да не се враќа во 2010-та”

375

Поранешниот менаџер на Michael Schumacher, Willi Weber, откри дека тој го убедувал легендарниот пилот да не се враќа во Формула 1 во 2010 година.

Седум кратниот светски шампион во Ф1, кој ќе наполни 50 години оваа недела, се повлече првично од спортот во 2006 година, но потоа се врати како натпреварувач на Мерцедес.

– Дали го советував да се врати? Воопшто не. Го повикав и реков: „Те молам, не го прави тоа. Можеж само да изгубиш од тоа! Тој беше 7-кратен шампион и не мораше ништо да докаже. Но, Michael навистина сакаше да вози. Мислев дека сè ќе биде во ред, повторно нека вози, само без мене. Ние се разделивме како пријатели, а потоа разговаравме стотици пати по телефон, на кафе или вечера, изјави Weber за „Абендцајтунг“.