
Потребно е да имаме продуктивен животен систем кој се состои од 7 навики и работи:
- Потребно е сами да се мотивирате да ги започнувате обврските навремено.
- Потребно е сами да си ставате крајни рокови пред да дојде вистинскиот краен рок.
- Важно е да си имате пријател или ментор кој ќе ве притиска .
- Исто така, важно е да работите во интервали, одмор, работа, одмор и повторно работа…
- Важно е да ги тргнете на страна сите работи кои потенцијално можат да ви го одземат вниманието.
- Морате здраво да се исхранувате.
- И да вежбате најмалку 30 минути.
Најважната работа од сите, секако, е мотивацијата која за жал, многу луѓе тешко можат да ја пронајдат. Постои едно прашање кое може да ви помогне, а тоа е „Зошто го правам ова?“. На тој начин секогаш давате значење на работите, а кога имаат значење, полесно наоѓаме смисла и мотивација да ги извршуваме.
Уште една поважна работа е да правите паузи на работа, посебно од задача до задача.
На крајот, ако успеете да се држите до системот, полека, но сигурно ќе се ослободите од навиката да ги одложувате обврските.


















