Не, ова не е фотографија на Австралија од вселената. Еве за што се работи

2731

Катастрофите пожари со месеци ја мачат Австралија, поттикнати со рекордни големи температури и силни ветрови. Десетици илјади луѓе беа евакуирани од домовите, некои мораа да избегаат кон плажите и морето, а 25 луѓе се загинати.

Последниве денови една драматична слика кружи по социјалните мрежи: на неа се гледа цела Австралија, наводно сателитска фотографија направена од Меѓународната вселенска станица (ISS), со сите пожари кои во моментот ја уништуваат оваа земја.

Како и да е, како што пишува познатиот сајт за проверка на факти Snopes, воопшто не се работи за фотографија и изворот не е ISS. Тоа е всушност 3Д визуелизација која ги опфаќа „сите погодени области“ на пожари, но сите сè уште не се активни.

3Д визуелизација составена со податоци на НАСА.

БОНУС ВИДЕО

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.